Отворен кариерен центар за млади со попреченост во ДСУ „Св. Наум Охриски“

Заменик министерот образование и наука, Спиро Ристовски денеска беше во посета Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, каде денеска започна со работа кариерниот центар за млади.Министерот подвлече дека е исклучително задоволен од реализацијата на проектот затоа што и на оваа категорија ученици им се овозможува поддршка во кариерниот развој.И во иднина ќе се продолжи со отворање на вакви кариерни центри низ Македонија и во редовните и во училишта за лица со посебни потреби.Во „Св Наум Охридски“ 150 ученици следат настава во 6 струки: угостителско-туристичка, авиомеханичарска, машинска, текстилна, градежна струка и графика.Во проектот за кариерни центри ќе бидат вклучени 4 училишта за ученици со посебни образовани потреби, во кои ќе се работи по соодветни адаптирани програми.