​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Отворено се сомневаме дека Заев и СДСМ подготвуваат изборен грабеж на претстојните избори

Македонија 25 јануари 2019 16:53

СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори. Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи кои ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот. Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, …

СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори.

Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи кои ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот.

Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, што резултираше со уривање на гинисови рекорди кога одреден период од денот на одредени избирачки места се гласаше на секои четири секунди.

Отворено се сомневаме дека институциите кои се политички притиснати, уценети и нагазени од криминалниот картел, ќе му помогнат на Заев и ќе замижат пред криминалите.

И има основа за таков сомнеж, и има материјални докази за таков сомнеж. Тоа е содржината на поднесените кривични пријави до Јавното Обвинителство на Република Македонија, токму за нарушен изборен процес. Поднесени се кривични пријави против над 200 членови на избирачки одбори, за брзи прсти и гласање за 4, 5, 9, 12, 14 секунди, во зависност од избирачко место.

Поднесени се и кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања, и цела низа други кривични пријави за кои нема никаков глас дека се процесуираат во јавното Обвинителство.

И поинаку не може да биде, не може да се нема сомнеж дека се подготвува истото. Во вакви услови не може да се одржат фер и демократски кредибилни избори. Поинаку и не може да се протолкува молкот од страна на јавниот обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Повторно го прашуваме Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески кого крие и кого штити и зошто не постапува во врска со изборниот грабеж?

Дали причина за молкот е непријатната содржина на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои се под негова команда? Зошто и оваа истрага тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимани и што се содржат нивните разговори? Кој ги има овие разговори? Кој ги преслушал овие разговори и дали во нив има индиции за криминал или интимни содржини со кои што обвинителите може да бидат уценувани?

Време е Јавниот Обвинител да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата која што ја дал. Јовески со непостапување ја злоупотребува должноста, што е казниво дело, Уште пострашно е што со непостапување фрла сенка кон претстојниот изборен процес.

 

 

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.