Жителите на населбата Каваклија, во 21 век со години наназад се соочуваат со неможност за задоволување на основните потреби за живот. Заради проблемот со немање на чиста вода за пиење, тие се изложени на заразни болести и отежнат начин на живот.
Затоа, пред точно 6 месеци, како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, разговаравме со овие луѓе и поднесовме иницијатива до Советот на Општина Штип за решавање на проблемот со водата за пиење. Овие луѓе добија ветување од локалната власт дека ќе се преземат сите неопходни активности во насока на решавање на овој проблем.
Но, до денешен ден, локалната самоуправа нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија.
Затоа, како советничка група бараме одговор од надлежните институции до каде се со решавање на проблемот со водата за пиење во населба Каваклија и потсетуваме итно да се превземат конкретни мерки за наоѓање начин за подобрување на животот на овие луѓе.