ЈП „Водовод и канализација“ од денеска започна со акција за поставување модули за далечинско читање на водомери во општина Сопиште. Ќе бидат поставени околу 800 далечински модули со ќе се овозможи брзо читање на состојбата на водомерот без директен контакт на инкасаторите со потрошувачите. Системот за читање на водомери со далечинските модули е поврзан со блутут. Инкасаторите ќе можат да ја прочитаат состојбата на водомерот и на далечина од 400 метри без да влегуваат во домот на потрошувачите како што беше до сега.
Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски истакна дека во минатото имале доста проблеми со водоснабдувањето но со реализација на повеќе проекти состојбата е нормализирана. Тој посочи дека биле детектирани околу 200 диви приклучоци кои подоцна биле легализирани. Посочи дека во општина Сопиште се промените и примарните цевоводи кои во изминатиов период биле доста проблематични со чести дефекти и губење в на вода.
