Во поликлиниката Драчево од утре ќе започне да се изведува ехо на абдомен и ехо на тироидна жлезда. Станува збор за ехо дијагностика која што досега воопшто не се користела во оваа поликлиника и била недостапна за пациентите од овој дел на градот. Во новиот специјалистички кабинет денеска увид изврши министерот за здравство Никола Тодоров кој истакна дека кон поликлиниката Драчево гравитираат околу 80.000 жители и оваа поликлиника навистина има потреба од проширување на услугите. Според директорка на Здравствен дом – Скопје Татјана Баевска Вучковиќ воведувањето на специјалистички услуги придонесува за подобрување на квлитетот на живеење на самите граѓани. Во Поликлиниката Драчево се повеќе расте бројот на услуги кои се даваат во делот на специјалистичко-консултативната здравствена заштита.