Новоизграденото основно училиште „Димитрар Поп Георгиев –Беровски во населба Хром денеска беше пуштено во употреба Учениците веќе од понеделник ќе започнат со настава во комплетно нов и современ објект изграден според сите стандарди.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека со изградбата на ова училиште е исполнето уште едно ветување кое им било дадено на граѓаните.
Изградбата на училиштето била завршена за 14 месеци, а МОН за оваа инвестиција издвои 30 милиони денари.