Од понеделник продолжуваат процедурите кои ќе водат кон исплата на субвенциите

Премиерот Димитриев денес ја посети Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој каде оствари средба со менаџментот на која се разговарало за тековните активности и идни планови на Агенцијата. Димитриев истакна дека се разговарало и за субвенциите, по што е констатирано дека по одлуката за одложување на изборите може да се продолжи со исплата на истите. Тој додаде дека на средбата се разговарало и за максимизирање на искористувањето на средствата од ИПАРД програмата, начинот како да се вклучат и другите институции од секторот на земјоделството. Директорката на Агенцијата истакна дека максимално им стојат на располагање на земјоделците и нивните интереси. Се работи на модернизација на системите за аплицирање, а оваа година за прв пат е воведено електронско аплицирање за субвенции. Владата останува силно фокусирана на поддршка на земјоделието и во иднина ќе продолжи со континуирано зголемување на сите програми и мерки кои значат развој на оваа област.