Во Соборниот Храм Свети Никола во Куманово, денеска се одржа панихида за осумте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во оружената пресметка во кумановско „Диво Насеље“ пред две години. Панихидата ја организираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Четириесетина припадници на полицијата беа тешко повредени.Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.Кумановци велат дека соживотот во градот продолжува и по настаните во „Диво Насеље.