​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Оваа влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ниту подобрува макроекономија, ниту подобрува микроекономија во државата

Изјави 24 декември 2018 22:56

Оваа влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ниту подобрува  макроекономија, ниту подобрува микроекономија. Цело време работи на развивање на ВИЦЕ-економија. Токму затоа државата тоне во корупција и криминал. Затоа Македонија се наоѓа на 112-то место на индексот на корупција за жал веднаш до Танзанија, со сета почит кон таа држава. Дали принципот на работа …

Оваа влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ниту подобрува  макроекономија, ниту подобрува микроекономија. Цело време работи на развивање на ВИЦЕ-економија. Токму затоа државата тоне во корупција и криминал. Затоа Македонија се наоѓа на 112-то место на индексот на корупција за жал веднаш до Танзанија, со сета почит кон таа држава. Дали принципот на работа во Струмица со кој се фалеше Заев е пресликан во целата држава.

Тоа што јавноста го виде и го слушна на видео снимката со наслов евро во црквата – евро во менувачницата, не само што не прекинало, туку постои основан сомнеж дека се има проширено како канцер на ниво на целата држава.

Отворено повикуваме обвинителството да ги испита наводите во јавноста дека речиси секој државен тендер во државата се склучува во еден хотел во Југоисточна Македонија, каде што процентот кој треба да се плати е од 5 до 15% во зависност од висината и големината на тендерот.

Дали тој хотел е новата менувачница?

Дали фирмите кои учествуваат во државните тендери се изложени на невиден рекет пропратен со закани и уцени со инспекции и нелегално прислушкувани  материјали?

Дали власта наместо развивање на државната економија работи на единствено на личното богатење?

Едно е сигурно, корупцијата е сеприсутна и ги јаде народните пари. Заради тоа енормно ја задолжуваат државата, заради тоа јавниот долг ни е пораснат над 5 милијарди евра, заради тоа само за 9 месеци имаме нов долг најмалку 375 милиони евра нето, заради тоа нема изградба на нови училишта, градинки, болници, заради тоа нема абер од ветениот раст на БДП од 5%.

Парите од буџетот кои секој од нас ги плаќа како даноци, но и парите со кои бесрамно не задолжуваат секоја недела никој не знае за што се трошат и каде се трошат. Оваа 2018 година ќе биде запаметена како година на црнила. Пропадната година за жал. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции од буџетот не го реализираа, исто како што не ги реализираа ниту изборните ветувања за поврат на ДДВ од 15%, за 13 плата во секое семејство, за 600 километри нови автопати, 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плати за докторите. Ништо од тоа нема.

Се што кажаа излажаа, се што фатија исушија. Се додека економијата на државата поминува низ цркви, менувачници или хотели, до тогаш ќе тонеме и ќе бидеме земја со најнизок раст во регионот и во Европа. Црнилата на оваа власт мора веднаш да престанат. Тоа ќе се случи кога криминалниот картел во Владата ќе си замине, заедно со целата нивна коруптивност, неодговорност и неспособност.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.