

Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на Република Македонија а ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски кој е лимар во скопското село Стајковци.За обуката се обезбедени средства за обучувачите-занаетчии по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до …
Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на Република Македонија а ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски кој е лимар во скопското село Стајковци.За обуката се обезбедени средства за обучувачите-занаетчии по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест месеци, а невработените лица кои ќе посетуваат обука ќе добијат по 6.200 денари месечно.Оваа мерка Агенцијата ја применува поради потребата од старите занаети кои се барани на пазарот, како што се лимари, јорганџии, бочвари и кои што изработуваат предмети барани од населението.Оваа мерка важи и за корисниците на социјална парична помош со тоа што, помошта, додека трае обуката нема да се укине и ќе остане во важност се додека лицата кои се обучуваат не одлучат да отворат сопствена компанија или да се вработат.Огласот е објавен на веб страната на АВРМ, а пријавувањето ќе трае до 30 април 2016 година. Обуките се однесуваат на старите занаети: ковачи, јорганџии, стаклари, лимари, оџачари и бочвари.