Објавен оглас за доделување на 18 социјални станови во Ресен

Министерството за транспорт и врски денес објави оглас за распределба на 18 социјални станови во новоизградена зграда во Ресен.Министерот истакна дека на огласот право на учество имаат седум категории на лица кои се станбено необезбедени, односно деца без родители и родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица припадници на ромската заедница, самохрани родители, слепи лица.Огласот за распределба на овие станови ќе трае 30 дена, односно до 14 јануари 2016 година.Мисајловски потенцираше дека становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидатите.Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор посочи дека не застануваат тука, туку ќе продолжат со изградба на вакви станови.Изминатите години во Македонија изградени се вкупно 678 станови во 13 општини во земјава.