Нов софтвер за унапредување на административните процеси со здравствените установи

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија од денеска има нов софтвер за унапредување на административните процеси на Здравствените установи.Со новиот електронски софтвер комплетно се исфрла хартијата за аминистративните процедури со здравствените установи. Отсега, менаџерите на здравствени установи или лицата определени од нив ќе можат со електронски потпис, директно од нивните канцеларии, да вршат огромен број на административни процедури за кои досега беше потребно доаѓање во Фондот за здравство и употреба на хартија.Предвидено е во следните шест месеци да се врши прилагодување на здравствените установи за начинот на работа. Затоа во овој период се овозможува и електронско и хартиено работење, а по овие шест месеци измените ќе се одвиваат само електронски.