Нов кабинет за страбизам на поликлиника Букурешт

По повеќе од десет години во Здравствен дом Скопје во Поликлиника Букурешт се отвора нов кабинет за страбизам, во делот на офталмологијата.
Тодоров посочи дека со отворањето на овој кабинет, иако ќе биде единствен на секундарно ниво во Скопје ќе можат да се апсорбираат повеќе од 80 отсто од вкупниот број пациенти кои сега одат на клиника.
Во Кабинетот за страбизам ќе работи обучен персонал, докторката била на едномесечна едукација во Словенија, а сестрата во Нови Сад.
Директорката на Здравствен дом Скопје Татијана Баевска Вучковиќ рече дека кабинетот за страбизам е многу важен бидејќи со редовните и задолжителни систематски прегледи што се вршат кај децата за раст и развој со новонабавениот апарат синоптофор истовремено ќе може да се врши и дијагностика и терапевтски третман.

Услуга за дијагностицирање на страбизам сега децата ќе ја добиваат на задолжителните систематски прегледи.