

За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно. Најубаво украсена тераса е на Филип Нечевски во населбата Аеродром. Најубаво украсен двор на Средно училиште има СУГС „Браќа Миладиновци“, а од пријавените угостителски објекти за најубаво украсен е прогласен „GET CAFE “ во Кисела Вода. Градоначалникот …
За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно. Најубаво украсена тераса е на Филип Нечевски во населбата Аеродром. Најубаво украсен двор на Средно училиште има СУГС „Браќа Миладиновци“, а од пријавените угостителски објекти за најубаво украсен е прогласен „GET CAFE “ во Кисела Вода. Градоначалникот Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје“. На наградените, Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година. За да се обезбеди максимална транспарентност, изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите.