Нови 400 вработувања во фабриката на американската компанија Кап-Кон

Во индустриската зона Бунарџик започна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња А ЕР ТЕ Аутомотив Македонија, инаку инвестиција на американската компанија КАП КОН.Во новата фабрика се инвестирани 18 милиони долари а ќе бидат отворени вкупно 400 работни места.На пуштање во употреба на новата фабрика, присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој истакна дека за само една недела во Македонија се одбележаа 4 фабрики. Трендот на нови инвестиции и отворање нови фабрики во Македонија ќе продолжи и во наредниот период, затоа што Владата е во длабоки преговори со многу компании, а дел од нив се во финална фаза.Ако секој трет катализатор се произведува во Македонија, од денес и секој трет инфлатор за европските автомобили ќе се произведува во Македонија, истакна заменик министерот за економија Христијан Делев. Фабриката има во план производството во текот следните недели да го зголеми до 2,5 милиони единици годишно, но во следните 6 месеци треба да се зголеми на 5-6 милиони единици.