Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

25 нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ од денеска се достапни за стручната и пошироката јавност. Со тоа во рамки на овој проект поддржан од Министерството за култура и Владата досега се преведени 140 дела од вкупно предвидените 366 наслови. Едицијата ќе го збогати образовниот процес во нашата држава и ќе овозможи на младата популација да го подигне нивото на својата едукација.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на денешната промоција изрази задоволство што овој проект започнат во неговиот мандат се одвива според планираната динамика и што покрај достапноста на македонски јазик на оваа стручна литература, го помага и зајакнувањето на преведувачката фела преку стандардизирањето на терминологијата. Новите 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ донесуваат 13 дела со филозофска тематика и по шест наслови со историски контекст, односно истражувања од сверата на психологијата и психоанализата.