Нови 15 македонски книжевни дела на 14 автори ќе бидат преведени на неколку странски јазици. Ова се резултатите од последниот конкурс на Министерството за култура за финансирање на преводи на македонски книги од страна на странски издавачки кучи. На конкурсот од септември 2015 година биле пријавени 17 дела, од кои 15 ќе бидат преведени. Досега од 2014 година Министерството за култура поддржа превод на 62 книги на 40 македонски автори кои се преведени на 18 светски јазици.
Оваа стимулативна мерка е предвидена со Националната стратегија за развојот на културата за периодот од 2013-2017 година.
За преводот на овие 15 дела Министерството за култура обезбеди поддршка од 1.822.800 денари. Новиот конкурс за странски издавачи ќе биде објавен во јануари 2016 година и ќе биде отворен во текот на целата година
