Вкупно 115 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ се преведени до сега. А нови 15 беа промовирани денеска и истите имаат исклучително културно, научно и општествено значење.Едицијата ги сублимираат најзначајните сознанија на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денеска и во тој контекст овој проект има повеќекратна корист за пошироката читателска јавност.На промоцијата присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој подвлече дека овие книги имаат фундаментално значење, тие се неизоставна литература од областа на која приипаѓаат.Едицијата има вкупно 366 дела, а од новите 15, 7 дела се од областа на филозофијата, 5 од областа на историјата и3 наслови од областа на психологијата. Делата кои се преведни се испечатени и дистрибуирани низ библиотеките, универзитетите и установите ширум Македонија.