Новиот мамограф во Македонска Каменица сериозно ќе ги подобри здравствените услуги во градот

Министерот за здравство и вицепремиер, Никола Тодоров денеска беше во работна посета на Македонска Каменица. Во Македонска Каменица како што беше ветено донесен е најсовремен мамограф, истиот е веќе инсталиран и во тек е обуката. За прв пат во Македонска Каменица се инсталира ваков уред, кој што ќе овозможи рана детекција на малигни заболувања.Инвестицијата е во вредност од 7 милиони денари и министерството ја направи во соработка со општината.