Прашање: За лидерската средба дали има некои промени, еве и
Мицкоски останува на ставот, имаме денеска информации дека ќе биде
и откажана?
Одговор: Остануваме на ставот, претседателот Христијан Мицкоски нема
да се појави на лидерската средба.
Прашање: Добро, а за заклучоците вчерашни на СДСМ како ги
коментирате, декларацијата што тие ја објавија?
Одговор: Многу несериозно за политичка партија која што е на власт и
која што треба да ја спроведува програмата во која што патем речено вели дека
ќе се бори со криминал. Во тек на ваков скандал да донесува декларација. Тие
се власт и тие треба да го спроведуваат законот. За нас тоа е премногу
несериозно во овој момент да носите декларација кога се соочувате со вакви
многу сериозни скандали.