

Прилепското средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари. Истата е изградена во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици.Образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата.Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека …
Прилепското средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари. Истата е изградена во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици.Образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата.Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека се изградени две фудбалски игралишта, едно тениско игралиште, како и повеќенаменско спортско игралиште, а се планира изградба на уште едно тениско игралиште во училиштето „Мирче Ацев“ и уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Канатларци.Инаку, премиерот Груевски денеска и официјално го предаде во употреба училиштето во село Беровце „Круме Волнароски“ за чија изградба Владата издвои 2,6 милиони денари, а во кое настава посетуваат над 30 ученици.Заменик-министерот за образование и наука истакна дека новата современа спортска сала во „Кузман Јосифовски Питу“ ќе ја користат учениците, но и жителите од овој дел на општина Прилеп во кој недостигаше ваков спортски објект, а кој се остварува согласно изборните ветувања.Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците.