Нова снежна бура ја зафати Хрватска

Зимата во својата најстудена форма сеуште се надвиснува над Балканот. Во хрватска се очекува нова бура и снег до половина метар.Само во Загреб во рок од 1 час температурата се симнала за неколку степени, а се очекува во текот на вечерта живата да се спушти ниско под нулата.Освен во Загреб снег паѓа и во Карловац, Вараждин.Поради тешките временски услови патиштата се тешко проодни а се случила и една сообраќајна несреќа на А1.Додека пак на автопатот А4 движењето е сопрено поради заглавени товарни возила.