Клиниката за торакална хирургија доби нов, најсовремен апарат, вреден 110.000 евра, кој ќе ги минимизира инвазивните интервенции на белите дробови.За почеток со апаратот ќе работат двајца хирурзи, а предвидени се по три зафати неделно. Новиот апарат ќе третира главно бенигни тумори на белите дробови, цисти, пнеумоторкас предизвикан од прскање на белиот дроб, гнојни воспаленија и слично а ќе се користи и за малигни заболувања откриени во порана фаза.Сите лекари од Торакална хирургија откако претходно ќе се обучат ќе имаат можност да работат со новиот апарат.