Нова кардиолошка опрема и континуиран развој на интервентната кардиологија во ГОБ 8 Септември

Нова опрема за Одделението за кардиологија вредна 18 милиони денари доби Градската општа болница „8 Септември“. Се состои од екг апарати, ехо апарати, дефибрилатори со што треба да се олесни и забрза работата и да се подигне квалитетот на здравствените услуги на Одделението за крадиологија. Министерот за здравсто, кој денеска ја посети болницата по тој повод, истакна дека опремата е дел од континуираните залагања и вложувања за квантитативно и квалитативно унапредување на услугите, и на персоналот со зголемувањето на бројот на вработени доктори и на доктори пратени на специјализација. Сите шест доктори кои што работат интервентна кардиологија биле на обука во Дедиње најмалку по два месеца, а дел од едукацијата ја вршат и во 8 Септември со доктор од Србија кој тука работи заедно со македонските доктори. Директорот на ГОБ „8 Септември“ др. Сашо Стојчев изјави дека опремата ја добиваат во континуитет од страна на Министерството за здравство, но и дека со нивни скромни средства вршат дополнителни набавки. Најмногу пациенти во овој здравствен дом има на Одделенијата за урологија и за ортопедија.