Нова градинка со капацитет за згрижување на 120 дечиња, денес беше отворена во населбата Радишани, општина Бутел.
Градинката се простира на површина од 500 метри квадратни, со 5 занимални и посебна медицинска соба за згрижување на болните дечиња.
Латиновски истакна дека грижата за најмалите ќе продолжи и во иднина, тој информираше дека во моментов се врши целосна реконструкција на објект во Бутел 2 кој ќе биде пренаменет за детска градинка и ќе бидат згрижени нови дечиња од ова населено место.