Кардиохирургијата за деца се подигнува на уште повисоко ниво. Во разговор помеѓу претседателот на ВМРО-ДМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на струмичката болница, беше сооопштено дека државната неонатална кардиохирургија ќе биде сместена во болницата за детски болести Kозле. Во Козле неодамна беше пуштен новиот објект кој ги запазува највисоките стандарди.Тим на експерти многу успешно врши оперативни зафати на деца со вродени срцеви мани или срцеви заболувања. Раководител на проектот и главен ментор е признатот кардиохирург Вилијам Бил Новик кој во САД беше прогласен за најдобар неонатален кардио хирург. Домашниот кадар успешно се вклопува и дури 50 осто од операциите самостојно ги извршуваат, од почетната до крајната фаза. А постепено ќе се проширува и тимот. Инаку во Козле е изграден комплетно нов објект, но многу се вложува и во едукација на персоналот преку проектот размена на медицински знаења и обука на медицински персонал. Персоналот стекнува вештини во најдобрата европска детска клиника италијанската болница Бамбино Џезо.Болницата Козле прераснува и во регионален центар за видео бронхоскопија. Паралелно со ова се продолжува и со развивање на проектот за државна кардиохирургија.