​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Нина Ангеловска сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати

Изјави 30 август 2020 15:06

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија. Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма …

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија.

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана за интернет трговија.

Постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата.

Фирмата Вебспот во сопственост на Нина Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 земала 224.750 денари и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари.

Ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има.

Институциите мора да реагираат зошто ова е начинот како се трошеле парите една милијарда евра пари кои граѓаните ќе треба да ги враќаат со години.

Ова е втора злоупотреба во низа на Нина Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра; банка зад која стојат непокриени кредити исплаќани кон струмички фирми блиски до Зоран Заев.

Законите мора да почнат да важат за сите. Одговорност мора да има.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.