​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Николов: Дали е сеедно да се земе кредит за новиот клинички центар од комерцијални банки или од развојни банки?

Изјави 1 август 2019 13:22

Дали Зоран Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку нашите сомневања се потврдат ТАТ на Црвенковски, бонбона бизнисите на Шекеринска и актуелните рекетарски октоподи ќе бидат детска играчка за половина милијарда евра колку што планира Заев да ја задолжи Македонија …

Дали Зоран Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку нашите сомневања се потврдат ТАТ на Црвенковски, бонбона бизнисите на Шекеринска и актуелните рекетарски октоподи ќе бидат детска играчка за половина милијарда евра колку што планира Заев да ја задолжи Македонија пред комерцијалните банки, наводно за изградба на нов клинички центар. Внимавајте, не пред Европската банка за обнова и развој, туку во комерцијална банка, по комерцијални услови, во банка која се интересира само за профит. Не сака Зоран Заев некоја институција како развојна банка на ЕУ да го контролира процесот, како се трошат парите од заемот. Тој сака да ги троши без контрола, колку и да е повисока каматата. Дозволете да прочитам дел од Изборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“ страна 137: „Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава“. Потоа истото е наведено и во „Планот 24 месеци – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ на страна 253. Значи новиот клинички да е готов за две години од доаѓањето на власта, потенцира Николов.

Тој додава дека владата на СДСМ и Зоран Заев, сега најавуваат дека ќе не остават да се чекаме уште околу десет години за нов клинички центар, и тоа, дека сега се почнува да се преговара за кредит со комерцијални банки иако немаат проект. И секако за кредитот вчера јави министерот за здравство дека ќе преговара лично министерот за финансии односно Зоран Заев.

-На последната седница на Владата, јавноста само слушна дека „помина информацијата за финансирањето на изградба на новиот клинички центар“. Новиот клинички предвидено е да чини половина милијарда евра, но, не се даде информација како е дојдено до таа сума, и колку пари вкупно ќе треба да се вратат на банките. Плус граѓаните ќе треба веројатно да чекаат до 2030 година. Министерот Филипче и премиерот Заев треба да дадат одговор на следните прашања: Прво, колку ќе се задолжува државата за новиот клинички центар, поточно под кои услови? Дали е сеедно да се земе кредит од комерцијална банка или од развојни банки? Бидејќи клиничкиот центар ќе се плаќа со пари на народот. Второ, додека не се изгради новиот клинички центар, односно следните 10 години дали граѓаните ќе се лекуваат во руинираните згради на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ или имаат некаков план и програм за реновирање? Трето, граѓаните на Драчево, Студеничани, Зелениково дали ќе треба да се лекуваат во Скопје или во Велес? Најголема небулоза и штета за здравството на оваа Влада беше одлуката да не се гради стариот клинички центар на локација, за каде веќе беше потпишан договор за финансирање од развојна Банката на Советот на Европа. За потсетување, според договорот клинички требаше да биде готов за сума од околу 120 милиони евра, а сега цената со еднострана одлука се покачува на 500 милиони евра иако нема никаков проект, нема план за нов клинички центар. Заев и Филипче, со оваа одлука покажуваат дека расипнички се однесуваат со парите на граѓаните и прават проект кој ќе биде „од готово вересија“. Го повикуваме докторот Венко Филипче да му се спротивстави на комерцијалистот Зоран Заев и да не дозволи изградба на субстандарден клинички центар, на кој секако нема да му биде поставен камен темелник до крајот на мандатот на оваа Влада, додава Николов.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Интервју со Доц. д-р Игор Николов 08.04.2020

11.04.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.