​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Никола Димитров мора да си замине од Министерството за надворешни работи заради морална, професионална и политичка одговорност

Изјави 19 декември 2018 14:00

Никола Димитров МОРА да си замине од Министерството за надворешни работи заради морална, професионална и политичка одговорност. Димитров го урива угледот и достоинството, ја обесчестува функцијата МНР. Димитров не ги штити и работи спротивно на национални и државни интереси, што е спротивно на заклетвата дадена во Собранието кога ја презеде функцијата. Притоа си дозволува да …

Никола Димитров МОРА да си замине од Министерството за надворешни работи заради морална, професионална и политичка одговорност.

Димитров го урива угледот и достоинството, ја обесчестува функцијата МНР.

Димитров не ги штити и работи спротивно на национални и државни интереси, што е спротивно на заклетвата дадена во Собранието кога ја презеде функцијата. Притоа си дозволува да го навредува македонскиот народ. По јавно изречената навреда на Димитров дека Македонскиот народ е искомплексиран народ, народ со комплекси, несигурен во себе,  и тоа од највисокиот дом на демократијата во Република Македонија, од Собраниска говорница, Димитров сериозно го доведува во прашање неговиот кредибилитет како министер кој што треба да ја претставува и да ја штити нацијата и државата надвор од државните граници. Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Тоа сето е дело на Никола Димитров.

Останувањето на ваков Министер за надворешни работи, сметаме дека е намерно нанесување срам на Република Македонија и девастирање на угледот на државата.

Никола Димитров е најголемиот срам за Република Македонија. МНР со Никола Димитров претставува најголемиот срам за Република Македонија. Колку и да му е одбивна нацијата која што ја претставува, колку и да се срами од народот чиј што министер, колкава и да му е личната желба да ги поништи, да ги избрише своите корени, функцијата која што, за жал, Димитров ја претставува, не смееше да прифати погазување на националните и државните интереси и прифаќање на сите антинационални условувања која што друга земја му ги наметна.

Димитров ја поткопа државата, ја доведе Република Македонија во подредена положба кон друга држава. Тоа е велепредавство, тоа  е капитулација! И затоа Никола Димитров мора да си замине!

Никола Димитров го нанесе најголемиот удар и срам за македонскиот народ и тоа од позиција на министер на собраниска говорница. Наместо да го чува неговото достоинство, тој со сиот државен, владин габарит, дрско го нарече македонскиот народ ИСКОМПЛЕКСИРАН. Па Димитров, дали е ова твој личен став или став на оваа Влада на Република Македонија? Ниту Димитров се извини, веројатно горд на своите зборови, а ниту пак Владата се огради од неговиот став! Па ако е ваков ставот на Димитров и на Владата, какви ли насоки добиваат македонските дипломатски претставништва во светот? Ете затоа Димитров мора да замине!

Но, тука не застанува дрскоста на Димитров. Во последното обраќање во парламентот, повторно од говорница повторно упати лага, дека фингираните дебати на кои за 20.000 денари избрани послушници кои исто како Димитров не штедат навреди по Македонскиот народ, го фалеа капитулантското дело, а сега тој се обидува да го протне дека капитулацијата според тие дебати фингирани била прифатлива за народот. Но, Димитров, сметаш ли дека народот дека заборави на пропаднатиот референдум за твојата капитулација? Референдум за ткн. договор, потпишан од страна на министер во име на-не знаеме кого, бидејќи не го пишува името на нашата држава, со кого се прават системски измени во Уставот на Република Македонија. Димитров со него ја доведе Република Македонија во подредена положба и за ова, Димитров мора да си замине!

Димитров, крајно време е да прифатиш дека твојата ДОМАТ дипломатија е целосно спротивна и на заклетвата и на функцијата и на националните и државните интереси. Твоето министерување е нанесување срам на државата и на народот. Го навредуваш народот од чии пари земаш плата, уживаш во привилегиите, го школуваш семејството надвор од Република Македонија. И Оставка понуди и повторно излажа. Е сега е време е да си одиш! Република Македонија не заслужува да се срами од својот министер шеф на дипломатијата.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.