​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта

Македонија 21 февруари 2019 16:33

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега и е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам. Речиси да не постои пратеник или …

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега и е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам.

Речиси да не постои пратеник или висок функционер од власта чиј што близок роднина не е вработен во некоја државна институција, агенција, управа, државно претпријатија или орган кај што не добива плата над просечните примања на граѓаните во Република Македонија.

Почитувани, денес ќе обелодениме две нови имиња на пратенички од СДСМ чии блиски роднини се едни од многуте „заразени“ со епидемијата за непотизам.

Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да и признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ?  Кои се критериумите,  доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма?

Вториот случај кој ќе го обелодениме денес е „Дизел вработувањето“ кое го добил и братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева Шуманска. Имено, братот на пратеничката, Никола Шумански  е вработен како царински службеник во Штип на 01 февруари 2019 година, веднаш после гласањето на уставните измени, пред само 20 дена.

Ова е доказ дека во СДСМ не владее морал. Единствено морално е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери. Јавноста ја охрабруваме да продолжи секојдневно  да не информира и да истражува за ваквите случаи, какошто и тоа го прави бидејќи очајно го навлегоа гневот на граѓаните. Сите граѓани ги плаќаат овие партиски роднини преку буџетските пари прибавени или од зголемени даноци или од бруталното задолжување коешто го прави СДСМ.

Оваа криминална врхушка е олицетворение на непотизам и верувајте дека тоа ќе заврши единствено  со губење на изборите и  со нивното заминување од власт.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.