

Каратистот Мартин Несторовски кој веќе 21 година се занимава со карате денес на трибината која ја организираше УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа четирите нови мерки од областа на спортот кои пред неколку дена ги промовираше лидерот на владејачката партија Никола Груевски. Тој посочи дека и досега имале поддршка од страна на Владата преку спортските стипендии …
Каратистот Мартин Несторовски кој веќе 21 година се занимава со карате денес на трибината која ја организираше УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа четирите нови мерки од областа на спортот кои пред неколку дена ги промовираше лидерот на владејачката партија Никола Груевски. Тој посочи дека и досега имале поддршка од страна на Владата преку спортските стипендии од АМС, но сепак тие не биле доволни. И од младината на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги поздравија новите мерки. Од таму велат дека и понатаму ќе продолжат да се залагаат за развој и инвестиции во спортот. Пред членовите на УМС посебно беше образложена 2 мерка која беше најавена од Груевски за „Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК“.