​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Нема ден кога во Скопје не е извршено разбојништво, градот е претворен во крвава арена, а Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера

Изјави 3 февруари 2019 11:20

Во Скопје владее хаос и криминал. Само  за  еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва. Нема ден, а да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Соасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се …

Во Скопје владее хаос и криминал. Само  за  еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва. Нема ден, а да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Соасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се во коалиција со криминалот.

Оливер Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера. Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, тој турка кампања за претседател и не презема ништо за намалување на криминалот во нашата земја.

На први јануари се евидентирани три разбојнички кражби, една кај Хотел Белви со пиштол и нож и две во село Арачиново, со закана и употреба на физичка сила. Само два дена подоцна на трети јануари евидентирани се две разбојнички кражби од кои едната на ул. Исаија Мажовски, со остар предмет и една кај Поликлиниката во  Чаир, со закана и со употреба на сила. Неколку дена потоа со пиштоли ограбена е бензинската на Окта на автопатот Тетово – Скопје.

На 8 јануари со физичка сила и со употреба на  нож е ограбена куќа во Сопиште. Неколку дена подоцна на 12 јануари со пиштоли ограбени се два објекти на улиците Јужно Моравска Бригада, каде е ограбена кладилница и објект на Климент Охридски.

Со употреба на пиштоли се направени и две разбојнички кражби на 21 јануари на ул. Волт Дизни и ул. Климент Охридски. Два  дена потоа е ограбена кладилница на ул. Благоја Стефковски и казино во Бутел.

При крајот на месецот на 27 јануари на ул. Маџари е ограбена обложувалница  и бензинска пумпа на Макпетрол, додека на 30 јануари ограбени се обложувалница на Спорт лајф на Партизанска, КАМ маркет на  ул. Ѓорче Петров, Стокомак во Козле и двајца луѓе се повредени еден во Шуто Оризари и еден во Волково.

Заедничко за сите овие криминали е тоа што ништо не се расчистува. Процентот на реализација на актуелното раководство на МВР е понизок од кога било во минатото. Затоа МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени.

Да почитувани, нема место во Скопје, нема ден, кога не е извршено разбојништво. Градот ни е претворен во крвава арена.

Криминалците владеат со улиците, а полицијата никаде ја нема да ги заштити нашите граѓани.

Оваа власт ја наруши безбедноста  и не е способна да го гарантира мирот на  граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.