Нелоски: Лагите на СДСМ спакувани во рекламите по медиуми за два дена чинат 144 илјади евра

Изјави

За нови два дена СДСМ потроши нови 144.000 евра за реклами по медиуми и ширење на спотови кои содржат лажни фалења, изјави денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНе, Владимир Нелоски. -Лагите на СДСМ спакувани во рекламите по медиуми за два дена чинат 144 илјади евра. Од каде овие пари? На ден 12 и 13 декември, …

За нови два дена СДСМ потроши нови 144.000 евра за реклами по медиуми и ширење на спотови кои содржат лажни фалења, изјави денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНе, Владимир Нелоски.

-Лагите на СДСМ спакувани во рекламите по медиуми за два дена чинат 144 илјади евра. Од каде овие пари?
На ден 12 и 13 декември, според сумата на единствениот и официјален сервис за мерење на рејтинзите, СДСМ за фалење на владата во заминување потрошила 68.000 и 76.000 евра за двата дена или вкупно 144.000 евра за двата дена. За 4 дена рекламирање земајќи ги анализите кои ги презентирав вчера, тоа е вкупно 320.000 евра за реклами на Владата во заминување на Зоран Заев. Главните прашања до СДСМ се: Од каде се овие пари? Дали овие пари се народни пари или се пари стекнати од рекетирање по кое што е познато СДСМ?, прашува тој.

Нелоски посочува дека како шартија овие прашања ќе ги поставуваат до СДСМ се до моментот додека не добијат граѓаните одговор.

-Ова рекламирање по медиумите каде што медиумите си ја работат својата работа и го продаваат своето рекламно време, е со најпозадински намери на СДСМ во обид да купат влијание и подоцна да влијаат во уредничките политики на медиумите. За ова не се виновни медиумите, ова е стратегија на СДСМ.
Истото се случи со субвенционирањето на печатените медиумите? Владата се обиде да изврши влијание во печатените медиуми преку субвенции кои ги додели во висина од 50 милиони денари, за веднаш потоа да може да менува уреднички политики и уредник на еден дневен весник кои не им се по мерка. Што ли се смени од пред 4 години до сега кога СДСМ беше против рекламирање на медиумите? СДСМ се свесни дека ќе ги изгубат изборите на 12 април. Затоа сега не знаат што попрво да направат и си ги прекршуваат или воопшто не ги исполнуваат сите ветувања дадени во пред изборието во 2016 година, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе Сокриј