Невил пред отказ во Валенсија

Екипата на Валенсија се наоѓа во сериозна резултатска криза во шпанската Примера и е без победа речиси три месеци. Шпанските медиуми пипуваат дека поради тоа се подготвува отказ за тренерот Гери Невил. Веќе се шпекулира со потенцијалниот нов тренер кој треба да дојде на „Местаља“. Тоа е поранешниот предводник на Севиља, Тотенхем и Реал, Хуанде Рамос.
Во опција за наследник на Невил се спомнуваат уште и Рафаел Бенитез и Андре Виљш-Боаш.