​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска, Горан Георгиевски доби нов тендер склучен во четири очи во вредност од 1,5 милиони денари

Изјави 21 мај 2019 14:29

Уште еднаш се докажа дека Заев суши лаже. Пред само не цел месец Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека ја примиле пораката од народот за целата корупција, криминал, матни зделки, непотизам и сите останати злоупотреби на власта. Наместо да се сменат и да ги сменат тие навики, по се изгледа СДСМ како за инат на …

Уште еднаш се докажа дека Заев суши лаже. Пред само не цел месец Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека ја примиле пораката од народот за целата корупција, криминал, матни зделки, непотизам и сите останати злоупотреби на власта. Наместо да се сменат и да ги сменат тие навики, по се изгледа СДСМ како за инат на граѓаните почнаа уште повеќе да крадат.

Нов скандал се случи после само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8-ми мај Град Скопје и Петре Шилегов доделиле тендер вреден 967.600 денари на фирмата на партнерот на министерката Царовска за изнајмување на опрема за висинско набљудување. Имено фирмата „Флај Кем“ на Горан Георгиевски за една година снимање со дронови ќе инкасира речиси еден милион. Георгиевски, невенчаниот сопруг на Царовска, освен овој милионски бизнис за летање дронови досега доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари.

Во моментов има нова тендерска постапка распишана од скопскиот плански регион, во вредност од скоро 1 милион евра, каде што замислете треба да се следи загадувањето на амбиенталниот воздух.

Веќе помеѓу фирмите кои вршат набавка на ваква опрема, кружат сомнежи дека и овој тендер се мести за невенчаниот сопруг на Мила Царовска.

Почитувани,

Дали и овој тендер ќе заврши токму во џебот на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?

Дали Георгиевски овие бизниси ги добива само затоа што и е невенчан сопруг на Мила Царовска? Дали нема друга фирма која може во државата да ја врши оваа работа, па мора токму фирмата на партнерот на Царовска да ја прави и за тоа да заработува огромни пари вредни милиони? Нормално дека има и други фирми, ама тие не се сопрузи, партнери или роднини на никој од владата односно од СДСМ.

Граѓаните видоа каков манипулатор е Зоран Заев. Додека во кампањата меѓу двата круга ветуваше дека ќе се справува со злоупотребите и криминалот кој го прават неговите избраници во Владата, сега во канцелариите на Град Скопје, Петре Шилегов и партнерот на Мила Царовска подготвувале милионски договор. Јавноста ниту виде метла секаде каде што има криминал ниту пак ќе види метла идниот период.

Повикуваме надлежните институции да го проверат овој скандалозен случај и соодветно да го санкционираат. Недозволиво е веќе по кој знае кој пат токму невенчаниот сопруг на Царовска да добива народни пари во крајно сомнителни околности и услови. Метлата мора да заигра што побрзо, ама од одозгора од самиот врв во Владата, почнувајќи од Зоран Заев.

За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.