Новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија помина релативно мирно. Во алкохолизирана состојба биле примени 30 лица од кои 60 проценти мажи и 40 проценти жени. Малолетни под 18 години биле шест, од кои најмалата имала 14 години.На Клиниката по хируршки болести во текот на вчерашниот ден се прегледани 97 пациенти, „Св. Наум Охридски“ .Во Здравствен дом Скопје преку своите служби за итна медицинска помош и дежурните ноќни пунктови имало вкупно 62 интервенции од кои осум транспорти на алкохолни интоксикации и едно малолетно лице. На Ургентниот хируршки во текот на новогодишната ноќ биле примени 63 пациенти, од кои 12 биле повредени во сообраќајна незгода, а шест во тепачка.Докторите беа согласни и заклучија дека оваа новогодишна ноќ поминала релативно мирно