Најмалку 52 лица загинаа во бунтот што вчера изби во затвор на северот од Мексико, во текот на кој избил и пожар. Бунтот избил рано утрината, а меѓу загинатите има и чувари и осуденици. Весниците „Миленио“ и „Реформа“ наведуваат дека бунтот избил во текот на обидот за бегство на затвореници.