Најмалку 40 загинати во два напади на Ал Шабаб во Сомалија

Најмалку 40 лица загинаа вчера во два напади на исламистичката терористичка група Ал Шабаб во јужниот сомалиски град Бајдоа.
Бомбаш-самоубиец се кренал во воздух во ресторан, а вториот напаѓач активирал автомобил-бомба на крстосница до друг ресторан во Бајдоа, што се наоѓа на 220 километри западно од главниот град Могадишу.
Нападите биле извршени два дена по нападот на Ал Шабаб во луксузен хотел во Могадишу, во кој загинаа 22 лица, а ранети беа 40.
Екстремистичката сунитска групација Ал Шабаб се години се обидува да ја собори Владата, која е поддржана од Западот и да создаде верска држава во Сомалија.