Најмалку 18 мигранти вчера се удавија во Егејско Море, додека се обидувле од Турција да пристигнат во Грција. Несреќата се случила откако потонал чамецот со кој се превезувале. Турската крајбрежна стража успеа да спаси 15 мигранти во близина на градот Дидим, југозападна Турција, јави Анадолија. Повеќе детали не се познати се уште.