Напади во Џакарта: Четворица уапсени, шестмина загинати

Четири лица се уапсени по денешниот напад во центарот на главниот град Џакарта, при што загинаа шест луѓе. Нападот со бомби и огнено оружје е извршен врз кафуле на „Страбакс“ во една од најпрометните улици во центарот на Џакарта. Локалните медиуми јавија дека биле регистрирани експлозии на шест бомби и повеќе пукотници од огнено оружје. Меѓу загинатите има тројца полицајци и тројца цивили. Полицијата соопшти дека најмалку еден бомбаш-самоубиец активирал експлозив што го носел на себе, додавајќи дека во нападот учествувале најмалку 14 екстремисти. Нападите се случиле на два километри од претседателската палата, а во близина се наоѓаат канцеларијата на ОН, повеќе владини административни згради, како и седиштето на Централната банка на Индонезија, но и голем број продавници и трговски центри посетувани од странци.