​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција

Изјави 20 февруари 2019 15:46

Трагично е што државата е управувана од група на луѓе коишто се уште за себе  мислат дека се државотворци. Трагично е што за себе мислат дека се влада и дека Зоран Заев владее во име на граѓаните. На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само …

Трагично е што државата е управувана од група на луѓе коишто се уште за себе  мислат дека се државотворци. Трагично е што за себе мислат дека се влада и дека Зоран Заев владее во име на граѓаните.

На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само една понуда, една кандидатура. Замислете само една кандидатура за поддршка од Заев и од СДС за следните претседателски избори.

Само еден човек, амбасадор, со сета чесност, поверувал во лагите испорачани од овој антидржавен центар зад мене.

И сега и него ќе го извисат, ќе му стават петно, тој ќе извиси заради заевизмот. Ќе мора да извиси, како што ќе извисат и членството, и симпатизерите и  неколкумина чесни во партиските  тела на СДС.

Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција.

Прават избор за спас на Заевизмот!

Бараат и веројатно ќе изнајдат некој поддржувач на заевизмот, ќе го поттурат како кандидат, но не за Претседател на Република Македонија, туку за заштитник на заевизмот, заштитник на криминални тендери, заштитник на антидржавни и противуставни закони. Заштитник на пропаднатата владина коалиција.

Заевистите знаат, пропаднатиот оглас покажува, тоа што сега го прават докажува- демократија со Заев не постои!

Граѓаните, интелектуалците бегаат од СДС, се тргаат од штетните политики на власта, не сакаат да бидат нивен дел, дел од урнисувањето на државата.

Едноставно е – зад себе не сакаат луѓе без образ, без збор, без срам, без чест!

Залудно Заев и Заевистите бегаат од избори!

Тие повеќе не претставуваат никого подалеку од својата криминогена, непотистичка, антидржавна, тендер- коалиција! Тие се веќе поразени и го знаат тоа.

Овие избори се избори за Македонија, овие избори се избори  за честитост и за чесност.

Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател, а честита Македонија е победник!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.