Повеќе од 5 илјади вработувања се реализирани со мерките и услугите за 2015 година. Спасов денеска заедно со директорот на АВРМ во тернинг центарот на „Семос“, ги посети лицата кои се вклучени во обуките за напредни ИТ вештини и кои по 6 месечен период ќе се здобијат со меѓународно признат сертификат. Директорката на СЕМОС едукација нагласи дека со оваа мерка бројот на луѓето кои работат во ИТ индустријата значително ќе се зголемува.