Мухамед Али примен во болница

Легендарниот боксер Мухамед Али вчера бил префрлен во болница поради респираторни проблеми. Информацијата ја потврди неговото семејство. Али има 74 години, а првичните информации се дека и покрај проблемите, се наоѓа во стабилна здравствена состојба, но се очекува лекарите да излезат со официјално соопштение. На Али му беше дијагностицирана Паркинсонова болест уште во 1984 година, а последен пат посериозен проблем со здравјето имаше во јануари минатата година.