

Министерството за образование и наука и за учебната 2015/2016 година ќе избира најдобра училишна веб страница. Конкурсот е веќе објавен. Сите основи и средни училишта ќе можат да аплицираа до МОН најдоцна до 31 мај 2016 година. Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека овој натпревар е одлична можност за филтрација на …
Министерството за образование и наука и за учебната 2015/2016 година ќе избира најдобра училишна веб страница. Конкурсот е веќе објавен. Сите основи и средни училишта ќе можат да аплицираа до МОН најдоцна до 31 мај 2016 година.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека овој натпревар е одлична можност за филтрација на најдобрите и најкреативните ученици од сите училишта и стимул за развој на креативноста кај учениците.
Училиштата апликациите ќе ги поднесуваат до МОН на улицата „Св. Кирил и Методиј“ број 54 со назнака „ Избор за најдобра училишна веб страна“. Апликацијата треба да содржи и пополнети образци кои може да се обезбедат на веб страната на МОН како и да ја содржи изработената веб страна на ЦД или ДВД.
Најдобрите веб страници ќе ги избере МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и МИОА, а за најдобрите веб страници училиштата ќе добијат интерактивни училишни табли.