МОН доделува 30 стипендии за студенти од ромска националност

Министерството за образование и наука за прв пат доделува вкупно 30 стипендии за редовни студенти Роми, запишани на додипломски студии од прв циклус, на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, за академска 2015/2016 година. Потребните документи може да се земат од страната stipendii.mon.gov.mk . Посебна поддршка е предвидена за студентите Роми кои студираат на факултети или студиски групи кои продуцираат наставен кадар.Во иднина е предвидено и зголемување на квотата за упис на студентите Роми на јавните високообразовни установи во Македонија и дополнителна академска помош за успешно завршување на нивните студии.