​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Мисајловски: Заев спроведува внатрепартиска чистка и се обезбедува за во опозиција

Изјави 27 мај 2019 14:03

Дозволете ми најпрвин да им ја честитам победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на нашите сестрински партии од ЕПП и истовремено да му порачам на Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години. Зоран Заев спроведе …

Дозволете ми најпрвин да им ја честитам победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на нашите сестрински партии од ЕПП и истовремено да му порачам на Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години.

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција.  Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ.

Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните.  Граѓаните се незадоволни од министерот Спасовски, а не од потпретседателот Спасовски, Скопјани се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и Благој Бочварски се неспособни и до сега во раководењето на институциите покажаа никаков резултат. Токму затоа оставки мора да следат и од државните функции. Нивната неспособност не смее да се покрие само со партиски разрешувања.

Управувањето со МВР и обезбедувањето на јавниот ред и мир не е позначајно од потпретседателската функција во СДСМ. Токму затоа Спасовски мора да си даде оставка и од министерската функција. Убиствата по улиците кои станаа секојдневие, вооружените грабежи и запалените автомобили се повеќе од доволна причина. Спасовски треба и мора да си замине.

Администрацијата не е должна да ги трпи заканите на Манчевски. Граѓаните вработени во јавниот сектор заслужуваат почит и не треба да го трпат мобингот на Манчевски. Токму затоа  Манчевски мора да си даде оставка и на министерската функција.

Скопје и Штип година ипол стагнираат. Нема ниту еден нов проект, ниту една нова инвестиција, нема нови булевари, улици и паркови, како во Скопје, така и во Штип. Не знаеме дали Шилегов и Бочварски потфрлиле во извршување на партиските функции, но во извршување на градоначалничките работи потфрлија со сигурност, а за тоа добија и потврда од граѓаните на последните избори.

Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е само една фарса за одвлекување на вниманието од секојдневното назадување.

Потребна е целосна одговорност. Назадувањето на државата не се решава само со смена на директорчиња, потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.