​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Мисајловски: Делата на ВМРО-ДПМНЕ се гледаат, во Ранковце се инвестираат околу 12 милиони денари само во улици, во патишта, во канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување

Изјави 13 април 2022 16:39

Благодарам на можноста да се обратиме, денеска сме тука во Ранковце и ја продолжуваме акцијата што ја започна ВМРО-ДПМНЕ односно да бидеме повторно со народот каде што промените се случуваат. И секогаш вака на терен да ги презентираме сите активности што ги имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и да разговараме со сите граѓани. Ние денеска …

Благодарам на можноста да се обратиме, денеска сме тука во Ранковце и ја продолжуваме акцијата што ја започна ВМРО-ДПМНЕ односно да бидеме повторно со народот каде што промените се случуваат. И секогаш вака на терен да ги презентираме сите активности што ги имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и да разговараме со сите граѓани.

Ние денеска тука на терен сме заедно со градоначалникот на општина Ранковце, исто така и координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, но и со многу граѓани да обележиме неколку значајни проекти во Ранковце.

Еве имавме можност да видиме градоначалникот да наброи повеќе проекти што се случуваат. Денеска сме на изградба на еден локален пат во селото Радибуш каде што со други неколку мали патчиња, односно локални патчиња ги поврзува сите села тука во Ранковце.

Ова е навистина за голем поздрав. Мала општина каде што градоначалникот вложува максимални напори со неговата администрација да се завршат овие проекти.

Еве слушнав дека има повеќе проекти околу не знам 12-тина милиони денари само во улици, во патишта, во канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување.

Затоа во ваква сериозна економска криза каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затекнаа празни буџети, затекнаа празни сметки и работат за граѓаните. И тоа сакаме да го одбележиме вака и пред јавноста да кажеме дека нема откажување до последен напор секој од градоначалниците треба да се бори за она што го имаат ветено во програмата. И еве на дело, на лице место може да видиме дека се тампонираат улици, а тоа се разбира и тие ќе бидат асфалтирани.

Но, од друга страна и како пратеници, јас и Никола Мицевски сме тука и утре да помогнеме преку ребаланс на буџетот да обезбедиме, да побараме да се обезбедат дополнителни средства зашто секогаш кога има ребаланс на буџет бараме за повеќе локални патишта, за повеќе улици, за повеќе градинки итн. Но секогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии во опозиција се одбивани.

Но, треба сите заеднички да ги слушнеме барањата на жителите и потоа ние амандмански да пробаме да измениме сето ова што се случува во Македонија, за да има повеќе проекти.

На крајот сакам само да се заблагодарам на градоначалникот за убавата можност да се видат вака проекти на лице место. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ , тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме со акцијата и се разбира ќе продолжиме по сите места во Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.