Мисајловски: Во 2015 реализирани над 200 проекти, следната година изградба на пет нови експресни патишта

Отчетот за 2015 година содржи над 200 проекти и уште многу потпроекти и услуги што ги реализира Министертвото за транспорт и врски. 2015 година беше најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија. Ова денеска го подвлече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој го презентираше отчетот за 2015 година.