Владата става посебен акцент на решавање на проблемот со социјално ранливите категории на граѓани. Министерот за транспорт и врски, денес изврши увид во изградбата на зградата наменета за лица од социјален ризик во општина Гостивар. Се работи за зграда од 70 станови кои се наменети исклучво за лицата од социјален ризик. Досега во рамките на програмата за лицата од социјален ризик се изградени 14 згради со вкупно 678 станови.