Иницијативата која пред две години која беше покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како премиер на Република Македонија во соработка со министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, имаше за цел да се воведе една нова димензија во поддршката на уметниците, преку откуп на уметнички дела на домашни автори.Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, попладнево беше отворена изложба на дела откупени со  вториот конкурс на Министерството за култура за откуп на уметнички дела и скулптури од галериски формат за 2015 година.На конкурсот се откупени 59 дела од 52 автора, од кои 43 ликовни остварувања, а 16 се скулптури. Избрани се од стручна комисија во состав: Викторија Васева-Димеска, Конча Пиркоска, Сафет Ахмети и Маја Неделкоска-Брзанова.Со новиот конкурс постојаните поставки и депоата на националните музеи, како и просторите на државни институции, ќе се дополнат и збогатат со дела на еминентни автори кои со своето творештво оставија траен белег во македонската ликовна уметност, истакна во својот говор министерката Канческа-Милевска.На првиот конкурс за 2014, и на овој, втор конкурс за 2015, откупени се вкупно 113 ликовни дела и скулптури од галериски формат, за што од буџетот се одвоени 13.389.000 денари